Запејте ги песните за благодет на вината во домашните винарии или пак искусете го животот на село преку помагање на локалното население во секојдевните активности додека и се восхитувате на интересната селска архитектура. По напорниот ден можете да се предадете на аромата на домашното вино и шира, свежо печениот леб, домашен зелник, свежо млеко, сирење, мед, ајвар, кисела зелка, печеното прасе или јагне на скара, костени и сето тоа комбинирано со топло гостопримство и насмевка од вашите домаќини што ќе направи да се почувствувате како дома ... Поминете го својот викенд во село и почувствувајте го животот каков што бил во минатото: едноставен и спокоен. Само за момент заборавете на градската врева, високите сметки, даноци... Станете в зори кога петелот го најавува новиот ден и учествувајте во секојдневието на Македонското село: молзење, печење леб, правење ракија или традиционален ајвар и туршија.