Како една од последните неоткриени земји во Европа, Македонија е рај од планини, езера и реки, природни чуда, ендемична флора и фауна, место полно со природни и културни богатства, легенди и приказни од пред илјадници години нудејќи одлични можности за активни патувањa: пешачење, трекинг и ориентација, одење, планински и крос-кантри велосипедизам, лов, 4WD Џип сафари, алпинизам, спортско качување по карпи, истражување на пештери, спелеолошки авантури, скијање, кањонинг, параглајдерство, панорамски летови со балон, нуркање и истражување, џет – скијање, едрење, кајак, рафтинг, риболов... Со програмите за авантура и рекреација ви нудиме совршена рамнотежа на активност и престој на планина и природа, надополнети со нашата историја, култура и гастрономија Со еден збор ви ги нудиме сите убавини кои Македонија може да ви ги понуди. Искористете ја можноста да ја доживеете "Земјата на природата, лулката на културата“.