Вевчански карневал

Културни настани

Струмички карневал

Културни настани

50 Години Галичка Свадба

Културни настани

Прилеп - Духовна тура

Византиска Македонија

Манастирите на Струмица

Византиска Македонија

Скопје – Духовна тура

Византиска Македонија

Скопска Црна Гора – Духовна тура

Византиска Македонија

Матка – Тура на манастирите

Византиска Македонија

Тура Охрид и Преспа

Охрид – Балкански Ерусалим

Охрид и Западна Македонија

Охрид – Балкански Ерусалим

Охрид – Градот на светлината

Охрид – Балкански Ерусалим

Фестивали

Фестивали


Културата и религијата од секогаш биле нераскинлив дел што ја дефинира македонската нација и ги определува обичаите и традициите. Македонија како библиска земја богата со цркви и манастири, свети води и чудотворни икони е совршено место за секој оној кој трага по својот мир и Божјата вистина. Бројноста и разноликоста на преку 250 сочувани манастири од различни периоди и во различни форми се доказ за постоење на луѓе чија животна приказна е онаа на создавање, уметност и духовност. Доколку тропнете на врата на некоја куќа или манастир, ќе наидете на топло гостопримство и ќе бидете трогнати од традиционалното добредојде на гостите со слатко, кафе и ладна вода. Искористете ја можноста да ги доживеете старите обичаи кои се зачувани и денес, безбројните културни настани кои ги покажуваат традициите како што се фестивалите на народни ора и танци, поетските читања покрај прекрасното Охридско езеро, театарските и фестивалите на класична музика и да го истражите уметничкиот дострел во црквите и манастирите ремек- делата на источната Византиска уметност.